Missing image

Бешикташ нуди 15 милиони евра за Дани Велбек

Истанбул, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Англиските медиуми пренесуваат дека турскиот клуб Бешикташ се интересира за услугите на напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек.

Управата на Бешикташ е подготвена да плати 15 милиони евра за напаѓачот на „топчиите“, но Турците нема да имаат лесна задача за ангажман на овој фудбалер.

Арсенал подолго време бара „топ“ напаѓач, и не се очекува така лесно да го пушти Велбек, се додека не дојде некое вистинско засилување.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest