Missing image

Адриано пред трансфер во Рома

Рим, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека левиот бек на Барселона, Адриано е пред трансфер во Серија А, во екипата на Рома.

Адриано поголем дел од времето го поминуваше на клупата за резерви, и самиот побара трансфер во друга екипа.Најголем интерес за него има од италијанската Рома.Каталонскиот клуб за него бара 8 милиони евра, додека управата на “волчицата”доставила понуда од 5 милиони евра.

Според медумите трансферот ќе се реализира во наредните неколку дена а разликата во цената ќе биде „испеглана“ со бонуси. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest