Missing image

Арсенал и Тотенхем заинтересирани за Пјер Емерик Обамејан

Лондон, 26.јули 2015 (ИНПРЕС) – Како што пренесуваат англиските медиуми екипите на Арсенал и Тотенхем сакаат во своите редови да го донесат брзиот центарфор од Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.

Фудбалерот од Габон минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на „милионерите“ и постигна 26 гола.

Лондонските клубови сметаат дека Обамејанг е одлично решение за нивниот напад и се подготвени да платат голема сума на пари за да го донесат во Лондон.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива