Missing image

Атлетико Мадрид преговара со Тијаго Мота

Мадрид, 26.јули 2015 (ИНПРЕС) – Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, соопштил дека клубот започнал преговори со Бразилецот со италијански пасош Тијаго Мота.

Актуелниот договор на Мото со ПСЖ ењ до 2016 година, но тој сака уште летово да го напушти Париз. Доколку парискиот клуб не го продаде сега, тогаш веќе наредното лето тој ќе биде слободен играч и ќе може да си замине без никаква отштета.

Мота во сезоната 2007/08 го има носено дресот на Атлетико а досега има настапувано и за Барселона, Џенова и Интер. (Крај)

извор:Инпрес фото:архива