Missing image

Македонската селекција на 103-то место на ФИФА ранг листата за август

Цирих, 26.јули 2015 (ИНПРЕС) -На најновата ФИФА ранг листа која треба да излезе на 6-ти август, македонската фудбалска репрезентација од 105-то место ќе се најде на 103-то.

Најслабо рангирана од нашата група е селекцијата на Луксембург на 145-то место додека Шпанија е најдобрата репрезентација од нашата група која на најновата ранг листа ќе биде на 11-та позиција.

Прва на листат е Аргентина, а се очекува нов пад на Германија, која ќе биде на третото место, додека селекцијата на Белгија ќе биде на второто место. (Крај)

извор:Инрес фото:архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest