Missing image

Нападнат таксист во Белград – Го тепале поради сметката, со пиштол убил еден од напаѓачите

Белград, 31. август 2014 (ИНПРЕС) – Белградски таксист ноќеска убил едно лице во центарот на градот, откако претходно бил нападнат поради сметката.

Убиството се случило околу 03:00 часот. Лекарите ја констатирале смртта на едно 37-годишно лице, додека таксистот, стар околу 60. години, со повреди на главата бил пренесен во Ургентниот центар во придружба на полицијата.

РТС јави дека една девојка со такси дошла до местото каде се случил инцидентот, но поради тоа што немала пари да плати, го замолила да влезе до кафе барот наспроти за да ги повика пријателите, кои требало да платат.

Настанала расправија, по што пријателите на девојката започнале да го тепаат таксистот, кој успеал да го земе пиштолот од автомобилот и пукал во градите на 37-годишниот маж. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest