Missing image

Едно лице загина и едно е повредено во тешката сообраќајка кај Мокриево

Струмица, 31. август 2014 (ИНПРЕС) – Рано утрово, околу 07:30 часот, на локалниот пат село Ново Село – Мокриево, на влез во струмичкото село Мокриево, се случи сообраќајна незгода во која загина едно лице.

Во незгодата учествуваа патничко моторно возило „Опел вектра” со струмички регистарски ознаки кое излетало од патот, при што на лице место починал 31-годишниот Горан П. од Ново село.

Со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник, 31-годишниот З.П. од истото село. По укажана лекарска помош во Медицински центар во Струмица, истиот е задржан за понатамошно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива