Missing image

Продолжува судскиот процес Груевски против Заев

Скопје, 1. септември 2014 (ИНПРЕС) – Денеска во Основен суд Скопје 2 започна судското рочиште по тужбата на премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Предвиден е распит на тужителот Груевски и на тужениот Заев за случајот Македонска банка и обвинувањата на лидерот на СДСМ дека премиерот земал мито, како и дека директно учествувал во некои финансиски малверзации.

Судот прифати како сведок да се појави газда Нини, но како доказ го отфрли телефонскиот разговор во кој наводно премиерот Груевски и друг човек се договараат за продажбата на Македонска банка. Адвокатите на Заев ги предложија Ден Дончев и Јовица Стефановиќ –Нини, за сведоци.

Подготвителното рочиште се одржа на 3 јули, кога ниту Груевски ниту Заев не се појавија за судскиот процес во случајот „Македонска банка“.

На 27-ми во јуни Јавното обвинителство објави дека нема да покрене постапка за случајот „Македонска банка“, бидејќи, како што соопшти, нема доволно докази за да може да се отвори предмет, но и дека, и кога би имало, случајот делумно е застарен. (Крај)

извор: Нова ТВ фото: архива