Missing image

Брус Спрингстин ќе пишува книга за деца

Лос Анџелес, 1. септември 2014 (ИНПРЕС) – Брус Спрингстин ќе пишува книга за деца, базирана врз стихови од неговата музика.

Рокерот ќе ја пишува книгатаOutlaw Pete“, која носи името на првата балада од албумот од 2009 годинаWorking on a Dream“, и најави дека тааќе биде помрачна од многу традиционални приказни за деца“.

– „Outlaw Pete“ во суштина зборува за судбината на еден маж кој се обидува да ги надживее и да избега од сопствените гревови, вели Спрингстин.

Книгата ќе биде објавена од страна на издавачката куќа „Сајмон енд Шустер“ во ноември. Директорот на куќата Џонатан Карп изјави дека обожавателите на вестерн, како возрасни, така и деца, „ќе се забавуваат со приказната што се раскажуваат во книгата“.

– Ова е книга за секој кој сака добар вестерн. Таа е за читатели од сите возрасти, и ја има чувствителноста на зрел човек, раскажува Карп. (Крај)

извор: АФП фото: АП