Missing image

Две лица од Kратово пукале во угостителски објект

Кратово, 4. септември 2014 (ИНПРЕС) – Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против С.Н.(31) од Кратово за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Со кривична се стекна и лицето О.И.(28) од Кратово  за сторено кривично дело „помагање“.

На 31-ви јули годинава, околу 16,00 часот првопријавениот во угостителскиот објект Паб „Корнер“ во хотел Силекс-Кратово  од пиштол непозната марка  испукал еден куршум и го оштетил стаклото од излогот на угостителскиот објект. По ова, со  возило на второпријавениот се упатиле кон  с. Кетеново, кратовско каде С.Н. повторно испукал неколку проектили, при што со еден проектил се повредил. Повредениот е  пренесен во Медицински центар  Куманово, а при претрес на теренот кај место викано „Рампа“ во Кратово пронајден е пиштол марка „Пјетро Берета“ кој бил во сопственост на дедото на првопријавениот за кој поседувал дозвола.
Од страна на Основен суд од претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: МВР фото: архива