Missing image

Пивото е корисно речиси колку овошјето

Софија, 31. јули 2014 (ИНПРЕС) – Освен освежување во летните жештини, а благодарение на природните состојки, пивото е корисно и за здравјето. секако при негова умерена потрошувачка.

Нискоалкохолните природни пијалаци како пивото содржат големо количество на витамини и антиоксиданти. Нивото на овие корисни материи во пивото е слично како во некои видови овошје и зеленчук (лубеница, диња, јаболка, моркови).

Ова беше потврдено од страна на бугарски научници за време на 7-та Национална конференција на Бугарското друштво за исхрана и диететика. Неодамнешната студија докажува дека пивото е одличен извор на важни нискомолекуларни антиоксиданси како пролин и глутатион. (Крај)

извор: Health фото: архива