Missing image

Половина тон кокаин во автобус со навивачи

Венецуела, 10.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Колумбиската полиција запленила 575 килограми кокаин, кој е пронајден во два автобуси со навивачи кои тргнале на квалификациски меч за Светски куп во Сантјаго.

Дрогата е откриена за време на викендот во местото Пасто, во близина на јужната граница на Колумбија со Еквадор.

Имено, дрогата е пронајдена под подот на автобусот како и под седиштата на двајцата возачи, кои се уапсени, пренесуваат локалните медиуми.(Крај)

извор:МИА фото:архива