Missing image

Средба Ивановски – Стриклинг – САД и Македонија ќе работат заедно да ја унапредат меѓународната соработка

Скопје, 8. септември 2014 (ИНПРЕС) – Македонија и САД ќе ја унапредуваат меѓународната соработка и поддршка во интернет управувањето, најавија по денешната средба во Скопје македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик секретарот за комуникации и информации на Mинистерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.

– Имавме продуктивни  разговори како САД и Македонија може да работат заедно да ја унапредат меѓународната  соработка  и поддршка на управувањето  со интернетот со вклученост на сите заинтересирани страни, изјави по средбата Стриклинг.

Според Ивановски, Македонија добила поддршка од Стриклинг при добивањето на кириличниот домеин .мкд.

На средбата на Стриклинг и Ивановски учествуваше и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс. (Крај)

извор: МИА/24 Вести фото: архива