Missing image

Фарел Вилијамс го повика Обама да го посети градот Фергусон

Вашингтон, 11. септември 2014 (ИНПРЕС) – Раперот Фарел Вилијамс го повика американскиот претседател Барак Обама да го посети градот Фергусон во Мисури.

Во Фергусон бел полицаец уби млад црнец, што предизвика масовни протести, немири и судири со полицијата.

Според Фарел, Обама треба да го посети градот, за да ги смири страстите.

– Претседателот мора да оди таму. Кога ти и твојот братучед ќе направите некој проблем, без разлика кој е виновен, твоите родители секогаш ќе се скараат со тебе, рече тој за CNN. „Јас не се разбирам многу во политика, но имам свое мислење. Разочаран сум од ставот на владата во врска со овој случај Во оваа земја има длабоки поделби“, додаде тој.

Раперот смета дека полицаецот, кој го убил момчето во Фергусон, треба да биде казнет, а младата црна популација треба да ги избегнува судирите со полицијата.

Кога полицајците му рекле да се тргне од улицата, тој требало да се тргне, рече Фарел Вилијамс. (Крај)

извор: CNN фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest