Извидници од Белгија, Скопје и Прилеп се дружеа во Извидничкиот Центар Охрид

Охрид, 9. април 2016 (ИНПРЕС) – Во периодот од 1-ви до 6-ти април се одржа младинската размена Wees Paraat – „Биди подготвен“ во Извидничкиот Центар Охрид.

Настанот е во организација на Прв Скопски Извиднички Одред од Скопје, кои го искористија убавото време во изминативе денови, да ги донесат нивните гости од Белгија покрај брегот на Охридското Езеро. Во рамките на младинската размена учествуваа 13 извидници од Белгија и 18 извидници од Македонија, претежно од скопските одреди „Брицо“, „Галеб“, „Илинден“, „Марково Крувче“, „Бони М“, како и одреднот „Феникс“ од Прилеп и домаќините Прв Скопски Извиднички Одред. Гостите од Белгија имаа можност и да прошетаат низ Охрид, да ги видат убавините на градот и околината.

– Ова е една од најдобрите младински размени Wees Paraat, која се организирала меѓу Македонски и Белгиски извидници. Се дружевме во Охрид. Собравме многу искуство, велат гостите скаути од Белгија.

Во Охрид се одржаа свечени извиднички настани, давање извиднички заклетви, дружби покрај логорски оган и традиционална размена на марами. (Крај)

извор: Инпрес фото: Прв Скопски Извиднички Одред