Missing image

Франција испраќа авиони ловци „Рафал” за разузнавачки летови над Ирак

Париз, 15. септември 2014 (ИНПРЕС) – Франција и’ се приклучи на Велика Британија во извршувањето на разузнавачките летови во поддршка на американската воздушна операција против џихадисти во Ирак.

Информацијата беше потврдена од страна на францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати. Тој најави дека првите летови на воените разузнавачки авиони кон Ирак ќе бидат извршени уште денес.

Министерот беше во посета на базата во Ал Дарфа каде беа собрани околу 200 француски војници, вклучувајќи пилоти на борбени авиони „Рафал”.

Посетата на Ле Дриан во базата случува во момент кога Париз се подготвува да биде домаќин на меѓународна конференција за борбата против џихадисти на „Исламска држава”. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива