Missing image

Џеј Ло задоцнила 5 часа за снимањето на новиот спот

Вашингтон, 15. септември 2014 (ИНПРЕС) – Раперот Fat Joe го изгубил трпението, откако пејачката Џенифер Лопез задоцнила цели 5 часа на снимањето на видеото за нивната заедничка песна „Stressin“.

Првиот дел од снимањето се одржал во ноќниот клуб „Грифин“ во Њујорк, а потоа продолжиле во ресторанот „Порторико“ во Бронкс. Според извори на американските медиуми, Џеј Ло задоцнила толку многу што снимањето на втората локација започнало еден час пред времето, кога требало да заврши.

– Fat Joe збесна. Не знам дали беше лут на Џеј Ло или нејзиниот тим, но неговиот гнев само додаде уште стрес на целата ситуација, изјавил близок пријател на пејачката. (Крај)

извор: Stars фото: архива