Missing image

Дирекција за заштита и спасување – Подготвени сме во случај на поголемо невреме

Скопје, 17. септември 2014 (ИНПРЕС) – Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, изјави дека нивната институција е подготвена во случај да има поголемо невреме на територијата на Република Македонија.

– Неблагодарно е да тврдиме каде може да се случи. Секаде постои потенцијална опасност да настанат поплави. Посебно, според наша проценка, може во делот кај струмичкиот регион, во тетовскиот регион да се излее реката Вардар, а може и Црна Река некаде да се излее, вели Салиу.

Салиу им порача на скопските градоначалници подобро да се грижат за атмосферската канализација.

Од Федерацијата на фармери пак велат оти постојано потенцираат дека е неопходно земјоделците да ги осигураат посевите, за да не чекаат обештетување од владата во случај на штети предизвикани од климатските промени. Според нивните податоци, дел од земјоделците се уште ги чекаат парите од државата за ланските штети предизвикани од невремето. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива