Missing image

Почина писателот Милутин Бебекоски

Струга, 18. септември 2014 (ИНПРЕС) – Струшкиот писател Милутин Бебекоски почина денеска во родното село Вевчани.

Бебекоски е поет и детски писател. Роден е во1941 година во Вевчани. Бил член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година.

Има напишано 10-на книги поезија за деца и една книга поезија за возрасни.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Вевчани. (Крај)

извор: МИА фото: архива