Светски ден на срцето

Скопје, 29. септември 2016 (ИНПРЕС) – Стапката на смртност од кардиоваскуларните болести и последиците од нив зазема највисоко место.

Статистиката покажува дека најмалку 80 насто од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат со редовна посета на избраниот лекар.

Под мотото „Дајте му сила на вашиот живот“ денеска се одбележува Светскиот ден на срцето.

Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23,6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања.
Во Република Македонија во 2015 година од болести на циркулаторниот систем починале 11.939 лица. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива