Missing image

Денови на македонската култура во Вилнус Литванија со КУД „Дримкол“ од Вевчани

Вилнус, 24. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, кое во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја, одржа концерт во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура што деновиве се случува во главниот град на Литванија, Вилнус.

– Со концертот во Стара Пазова, Р. Србија, КУД „Дримкол“ од Вевчани ја започна 10-дневната турнеја со цел презентација и промоција на Македонија преку фолклорната култура и традиција во Вилнус, Литванија. Во рамките на турнејата ќе имаме настапи и во Република Полска, со два два концерти во Здунска Вола и Варшава, вели претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски.

Според Чочороски публиката и овојпат ќе има прилика да се воодушевува со традиционалните македонски игри, изворни песни како и носиите од нашите краишта.

– КУД „Дримкол“ од Вевчани со оваа турнеја уште еднаш го потврдува својот статус- амбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција и верно ја одржува својата мисија, промоција на Македонија низ светот, оценува првиот човек на КУД „Дримкол“.
Деновите на Македонската култура се поддржани од Министерството за култура на Р. Македонија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива