Кривична за стружанец за трговија со дрога

Струга/Охрид, 9. јануари 2017 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј.П. од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.

На 16-ти јули минатата година во кругот на медицински центар Охрид, пријавениот бил затекнат како управува возило.  При извршен претрес биле пронајдени најлонска паковка со опојна дрога метамфетамин со нето маса од 0,44 грама и најлонска паковка со опојна дрога марихуана со нето маса 2.35 грама. Пријавениот на лицето Р.Д. во Охрид ѝ дал да користи опојна дрога марихуана и метамфетамин. (Крај)

извор: МВР фото: архива