Missing image

Романот „Книга за Бланш и Мари“ од шведскиот писател Пер Улов Енквист објавен на македонски јазик

Скопје, 16. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на романот „Книга за Бланш и Мари“ од шведскиот писател Пер Улов Енквист, во кој еден од централните ликови е познатата хемичарка Марија Кири Склодовска.

Преводот на македонски е на Искра Бадева.

Овој контроверзен роман дава сосема нови податоци за некои од најголемите имиња од светот на науката на минатиот век, а според Индепендент – „Ова е историја на интелектот осветлена од молњата на експресионизмот“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Пер Улов Енквист (1934), познат и како П.У. Енквист, е еден од најистакнатите шведски писатели на меѓународно рамниште. Дипломирал книжевна историја, по што работел како колумнист во весник и како модератор во телевизиски дебатни емисии. Неговото пишување го направило влијателна личност на шведската книжевна сцена. Во 1970-тите живеел во Берлин и во САД. Од 1977 година е самостоен уметник писател. Добитник е на највисоки книжевни признанија. Една од најзначајните книжевни награди во Скандинавија го носи токму неговото име. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива