Missing image

Викендов почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар

Скопје, 16. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Викендов ненадејно почина познатиот маесто, музичар и диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Ѓумар почина на 50-годишна возраст. Роден е во Битола во 1966 година.

Ѓумар важи за еден од најдобрите македонски диригенти, а во изминативе години реализирал бројни музички, сценски и други проекти, но и бројни соработки со многу македонски музички имиња. (Крај)

извор: Инпрес фото: Вистина.мк