tinostojanovski

Младиот музичар Тино Стојановски ја освојува публиката со одлични кавери на песни (Видео)

Скопје, 27. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Тино Стојановски, млад музички талент од Скопје, својата љубов кон музиката ја искажува преку неговите одлични кавери, кои ги прави на популарни поп-рок теми.

Бројката на досега објавени теми на музичкиот канал YouTube е импозантна. Младиот музичар има доста планови во областа на музиката, кои најавува дека ќе ги реализира постепено. Ја практикува техниката на свирење гитара со прсти, без перце.

– На YouTube имам околу 100 кавери. Имаме бенд со мојот брат. Свириме поп, рок и поп-рок музика. За брзо време ќе објавиме и заеднички кавери, најавува младиот Стојановски.

Стојановски има 18 години и учи во Државното училиште, Музичко балетски и училишен центар „Илија Николовски – Луј“.

Еден од поновите кавери Стојановски го напрви на песната на Ed Sheeran – „Castle on the hill”. (Крај)

извор: Инпрес фото: Стојановски

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest