Parabellum-7

Стрипови на македонските уметници Богданов и Стеванов ќе бидат објавени во босанското издание „Парабелум“

Скопје/Бања Лука, 30. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Традицијата на објавување на стрипови на македонски автори во босанскиот стрип-магазин „Парабелум“ продолжува.

Македонски стрип уметници ќе бидат застапени и во најновиот број, кој според издавачот „Деветта димензија“, здружение на стрип-автори и стрип-љубители од Република Српска, се очекува да излезе во најскоро време.

Во листата на шеесеттина автори во овој престижен стрип-магазин, со стрипот „Сѐ што е слатко трае кратко“, застапени се и сценаристот Александар Стеванов од Штип и цртачот Дарко Богданов од Виница.

Во досегашните седум броеви на овој најобемен балкански стрип-магазин, свои дела имаат објавено повеќе македонски автори, меѓу кои Весна Ничевска, Јордан Коцевски, Јован Секулоски и други. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest