romania_protest

Околу 250.000 Романци протестираа против корупција во државата

Букурешт, 3. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Околу 250.000 Романци излегоа синоќа на улиците во десетина градови на протести против спорниот декрет за декриминализација на некои корупциски дела.

Бројот на демонстранти беше речиси колку и претходната ноќ. Според проценките на романската полиција, околу 80.000 лица се собрале пред седиштетот на романската Влада на главниот плоштад во Букурешт.

Премиерот на Романија Сорин Гриндјану, чија Влада беше формирана пред помалку од еден месец изјави дека не планира да го поништи декретот на кој многумина гледаат како повлекување од борбата против корупција. Романскиот претседател Клаус Јоханис најави дека декретот ќе биде изнесен пред Уставниот суд.

Овој суд е последната институција што би можела да го спречи законот на владејачките социјалдемократи, чиј лидер Ливиј Драгнеа е меѓу осудените за корупција. Министерот за правда Флорин Јордаке, кој го донесе спорниот декрет за корупција, привремено му ја предаде должноста на неговиот заменик до 7 февруари. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest