marktoner

Тонер: Целта на САД е Македонија да стане членка на евро-атлантското семејство

Вашингтон, 3. февруари 2017 (ИНПРЕС) – „Американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел, вели вршителот на должност портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.

– Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино, кажа тој во појаснување за американската политика во Македонија.

Контроверзата се разви во Македонија откако од амбасадорот на САД беше побарано да ги коментира последните политички настани кои се однесуваат на напорите за формирање влада. (Крај)

извор: Дојче Веле фото: Дојче Веле

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest