zemjotres1

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Богота, 7. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Колумбија, вклучително и главниот град Богота.

Нема информации за жртви и материјални штети. Земјотресот се случил утринава на пет километри југоисточно од општината Колумбија во департментот Хуила.

– До моментов нема податоци за штети, напиша на Твитер колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, повикувајќи се на податоците од Националната служба за управување со ризикот од катастрофи. (Крај)

извор: BTA фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest