pticjugrip

„ЕДЕН“: Постојат случаи на можно пренесување на птичји грип од живина на луѓе

Скопје/Струга, 7. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Од Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“, потсетуваат дека во струшкото село Мороишта, неодамна по констатираната зараза со птичји грип, A(Х5Н8) и досега уништени најмалку 3.000 единки живина, имало индикации дека вирусот не е безопасен за луѓето, како што се сметало.

– Наспроти информациите што кружат во јавноста дека тој вид грип не е воопшто опасен по здравјето на човекот, Светската здравствена организација има поинакви препораки кои сметаме дека треба да допрат до што поголем број на граѓани. Ја известуваме јавноста дека според извештајот на полската канцеларија на Светската здравствена организација од ноември 2016 г. „ризикот од пренесување на ворусот A(Х5Н8) од птица на човек е релативно низок врз основа на
информации кои се на располагање до сега. Меѓутоа, иако досега не се регистрирани човечки случаи на заболени од високопатогениот птичји грип A(Х5Н8), многу е важно ситуацијата будно да се следи, информираат од „ЕДЕН“.

Додаваат дека постојат ретки документирани случаи на пренесување на инфекцијата со сличен тип на птичји грип на човек во минатото и не може да се исклучи веројатноста од заразување.

Препораките на Светската здравствена организација се по секоја цена да се избегнува контакт со заразените птици и нивните јајца.

– И одгледувачите на земјоделски култури претрпуваат загуби во некои години, но тие штети се единствено со финансиски последици. Пред само неколку години бевме сведоци на ужасната пандемија предизвикана од свински грип, како и на страшните статистики – стапка на смртност од над 50% кај луѓето заразени со птичји грип, А(Х1Н1), додаваат од „ЕДЕН“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest