skopjevizer

Започнува пријавувањето за „Женската трка“ во рамките на Виз Ер Скопски Маратон

Скопје, 16. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9-ти април, недела, ќе се одржи 5-та по ред Женска трка во Градскиот Парк.

Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.

Трката се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување.

На маратонот досега се пријавени над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.

За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16-ти февруари, а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28-ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.

Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest