atletikasala

Македонски атлетичари на Меѓународен митинг во Истанбул

Истанбул, 16. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Нашиот репрезентативец Дарио Ивановски имаше одличен настап на Меѓународниот атлетски крос во Белград, Бели крос со освоено високо 4 место.

Тој беше на подготовки со останатиот им од 2 до 11 февруари во Добрич Бугарија.

На 12-ти овој месец во Истанбул се одржа Првото Балканско првенство во сала за младинци/ки, на кое Атлетската Федерација на Македонија зеде учество со 7 атлетичари и двајца тренери.

Најдобар резултат и пласман од македонските атлетичари имаше Мартина Мироска, која за жал остана без медал, информираат од АФМ. Нејзиниот резултат во скок во далечина беше  5,61.

Уште еден спортски настан ќе се случува во Истанбул. Македонската атлетска репрезентација која по завршување на подготовките во сала во Добрич, Бугарија, заминаа на силен Меѓународен митинг во Истанбул. Нашите репрезентативци ќе ги одмерат силите со атлетичари од 20 држави од цел свет.

На митингот во дисциплината Скок во далечина ќе учествуваат Славчо Мирчевски и Александар Таневски. На  60 метри ќе се натпреваруваат Сашко Голубиќ, Александар Таневски, Дрита Исљами и Валбона Селими, Мартина Мироска. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest