Dejan 1

Дејан Стефаноски постигнува значајни успеси во мешани борачки вештини

Скопје, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Велешанецот Дејан Стефаноски зад себе има 7 борби, од кои 6 победи и само еден пораз.

Тој го има освоено и интернационалниот шампионски појас во ММА (мешани борачки вештини), кој е прв ваков појас во Македонија од Интернационален карактер.

Последната професионална борба на Дејан Стефановски беше во Загреб, против босанецот Синиша Дамјанович, каде што издвојува победа со технички нокаут уште во 57-мата секунда.

– Следната многу значајна борба за мене е борбата во Солун, Грција, сега во маj, против сериозен и искусен противник Стаматис Моурулис кој што зад себе има 9 победии 2 порази, вели Стефаноски кој веќе започна со интензивни тренинзи во градот Штип, од каде што подоцна ќе замине во Дизелдорф, Германија, каде што ќе ги направи последните подготовки за натпреварот против предизвикувачот Стаматис Моурулис.

– Следна моја цел е да станам Европски шампион во ММА, а главна цел е да се натпреварувам во најпознатата и најпрестижна организација во светот UFC, додава Стефаноски. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest