kniga

По осми пат ќе се додели наградата „Ана Франк“

Скопје, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Годинешни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“ се: Мито Спасовски од Македонија, Душан Поп Ѓурѓев и Милутин Ѓуричковиќ од Србија, Асја Кравченко од Русија и Драгица Шредер од Германија.

Наградата се доделува за врвни остварувања на планот на литературата за деца и млади, а ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Наградата „Ана Франк“ е традиционална и досега ја имаат добиено: Криста Јохансен (Канада), Стана Смиљковиќ, Тиодор Росиќ, Перо Зубац, Дејан Алексиќ, Миограг Јакшиќ, Даниела Божичковиќ Радуловиќ, Сунчица Дениќ Михаиловиќ, Недељко Терзиќ (Србија), Милица Бакрач (Црна Гора), Виолета Димова, Весна Мојсова Чепишевска, Марија Тодорова, Владимир Костов (Македонија), Катја Ерменкова (Бугарија), Божидар Просењак (Хрватска), Мирослав Демак (Словачка), Јуриј Нечипоренко (Украина) и Жарко Милениќ (Босна и Херцеговина).

Наградата годинава се доделува по осми пат. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest