policija-8

Струшката полиција пронашла хероин кај албански државјанин

Струга, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 27-годишниот Л.К. од Тирана-Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Кон крајот на минатата година, полицијата извршила преглед во патнички автомобил со струшки регистарски ознаки. Кај пријавениот било пронајдено мало најлонско пакување со 0,42 грама кафаеава прашкаста материја.

По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин. Пријавениот Л.К. хероинот го купил во Тирана по цена од 15 евра. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest