saemgradeznistvo

Започнуваат подготовките за Меѓународниот саем на градежништво

Скопје, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – На Скопски саем започнуваат подготовките за 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности.

Овој саем од година во година забележува сè поголем интерес кај граѓаните. Вратите на овие високо популарни саеми ќе се отворат на 28-ми февруари, вторник, и ќе останат отворени до 4-ти март.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest