centarpiloti

Утре презентација на Центарот за обука на пилоти

Скопје, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Утре, со почеток во 12:30 часот, Центарот за обука на пилоти во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, ќе биде отворен за посетители, потенцијални кандидати за идни воени пилоти.

Во рамките на отворениот ден, министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе се обрати пред присутните. Воедно ќе биде одржана и мала свеченост по повод доделување сертификати за завршена обука за воени пилоти.

Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат условите за школување во Центарот и да се информираат за сè она што ги интересира во однос на професијата пилот. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest