pavle_kuzmanovski_svedok100x75

Во Прилеп изложба од ликовната колонија Нижополе

Прилеп, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Вечерва во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од 17 ликовна колонија Нижополе.

На изложбата ќе бидат претстанавени 20 дела од 20 уметници од земјата и од странство, кои твореа на Пелистер во јули 2016 година.

Прилепските љубители на уметноста ќе имаат можност да ги видат делата што ги создадоа Павле кузманоски, Данчо Ордев, Илија Кочоски, Владимир Темков, Ниче Василев, Андријана Мациев од Македонија, Лукаш Зедлевски од Полска, Ивана Кики Јаковлевиќ и Драгана Тошиќ од Србија, Емилија Варбанова и Арт Сил од Бугарија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest