fatboyslim

ЕГЗИТ – Лето на љубовта

Нови Сад, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Првото големо ЕГЗИТ Лето на љубовта доби нови музички засилувања за своите, дури два фестивали на Јадранско Море, Си Стар (Sea Star) во Умаг, кој ќе се одржи на 26-ти и 27-ми мај, како и четвртиот по ред Си Денс (Sea Dance) на плажата Јаз во Будва кој е закажан од 13-ти до 15-ти јули.

Кон фестивалското цунами на кое со ЕГЗИТ до хрватскиот брег стигнаа и Продиџи, Дубиоза Колектив и Урбан & 4 сега се придружува и нов, уште поголем бран изведувачи кој го предводат владетелите на светската електронска сцена и најбараните регионални херои. Добитникот на Греми, три БРИТ и дури 10 Ем-ти-ви награди, легендарниот шоумен Fatboy Slim се враќа на Умаг по точно седум години од антологискиот настап во Стела Марис, на кој допатуваа луѓе од целиот регион.

Листата ќе ја прошири и лидерот на германската електронска сцена Paul Kalkbrenner, познат по стадионските спектакли и неодамнешниот историски настап пред Бранденбуршката капија пред половина милион луѓе. На првиот во низата фестивали на ЕГЗИТ Летото на љубовта 2017, на Си Стар во Умаг, стигнува и прославениот дабстеп-рок состав Modestep, кој за прв пат на овие простори ќе настапи во полно „лајв“ издание, а фуриозниот квартет од нови хедлајнери во Истра ќе го заокружи и славниот австралиски бејс-рок бенд Pendulum во специјално диџеј издание со кое ги приреди едни од најголемите журки во историјата на ЕГЗИТ.

Познати се и првите потврдени изведувачи од групата најбарани во регионот, а во таа листа се Елементал, Бед Копи, Бркови, Артан Лили, Џонатан, Хај5 & Кукус, Киша Метака, Кранкшвестер, Матер и Сассја.

Англиската соул ѕвезда и еден од најбараните музичари на денешницата John Newman ќе настапи во четврток 13-ти јули на плажата Јаз и ќе приреди незаборавен концерт за отворањето на овогодишниот Си Денс фестивал. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest