policiska-lenta

Средношколка од Скопје се онесвестила на час, лекарите констатирале смрт

Скопје, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Вчера попладне од ГУЦ „Здравко Цветковски“, било пријавено дека на ученичката А.А. (18) од Скопје во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето.

По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.

Ученичката била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest