Прекината блокадата на граничниот премин Евзони

Дојран/Богородица, 17. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Министерството за внатрешни работи на Република Македонија информира дека денес бил остварен контакт помеѓу одговорните на смена полициски службеник од полициската станица за граничен надзор Богородица со претставници од граничната полиција Евзони.

Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат а блокадата од трактори на граничниот премин Евзони е отстранета.

Патот е прооден за сите видови на сообраќај. (Крај)

извор: МВР фото: архива