eumkd

Чуповска – Ристова: Македонија е целосно подготвена за членство во НАТО

Скопје, 23. февруари 2017 (ИНПРЕС) – „Република Македонија е целосно подготвена за преземање на обврските и одговорностите кои произлегуваат од членството во Алијансата. За тоа имаме голема јавна поддршка од граѓаните на Република Македонија и од институциите во државата“, истакна државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова на почетокот на дводневните редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО-Алијансата.

Чуповска – Ристова додаде дека минатата година одбранбената политика беше фокусирана доизградба на воените сили и способности согласно Долгорочниот план за развој на одбраната, континуитетот на реформи, поддршката на државните институции, како и придонесот кон меѓународните мировни мисии и меѓународната одбранбена соработка.

Како капитален проект кој е од исклучително значење e модернизацијата на Армијата на Република Македонија, додека и посветеноста на Македонија и нејзината Армија за придонес кон меѓународните мировни мисии.

Во текот на утрешниот ден, предводникот на тимот на НАТО, директорот на Алијансата за одбранбено планирање, Пол Северо, ќе оствари средба и со заменик министерот за одбрана, Беким Максути. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest