Сончево време со температури до 21 степен

Скопје, 24. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува.

Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура од 14 до 21 степен.

Во Скопје релативно топло со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во текот на ноќта нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени. (Крај)

извор: Метео фото: архива