umetnickolizganje

Прв Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија

Скопје, 24. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Денеска и утре во Скопје ќе се одржува Прв Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија “Skopje on ICE 2017”.

Натпреварот има национален, но и меѓународен карактер и на него ќе учествуваат спортисти во повеќе категории, односно во меѓународно признати категории: Младинци/ки, Јуниорки, Сениорки, како и во категориите за помлади натпреварувачи Кадети Ц и Б, и во интерпретативни категории согласно возраста на натпреварувачите.

Првиот ден ќе се одржи натпреварувањето во категориите Младинци, Интерпретации Б, и Интерпретации Ц и А, а утре во категориите Кадети Б, Младинки, Јуниори и Сениори и Кадети Ц.

На натпреварот, покрај домашните, ќе учествуваат натпреварувачи и од Република Србија, Република Словенија, Република Грција и Кралство Шведска.

Ќе има над 60 натпреварувачи, од кои половината домашни, а останатите од странство. На натпреварот ќе има меѓународно признати судии од неколку држави во Европа.

Натпреварот го организира Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, во соработка со СЦ „Борис Трајковски“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest