atletikasala

Осум македонски атлетичари на Балканско првенство во сала за сениори

Белград, 24. февруари 2017 (ИНПРЕС) – За претстојното Балканско првенство во сала за Сениори/ки, кое ќе се одржи утре во Белград, Атлетската федерација на Македонија ќе учествува со 8 атлетичари и 3 тренери.

Натпреварот ќе се организира во Комбак арена, а ќе учествуваат 300 натпреварувачи од 15 земји членки на АБАФ.

На првенствотоќе учествуваат атлетичарки и атлетичари од Скопје, Куманово и Охрид. Селектор е проф. Ѓорѓи Вучков, додека тренери на нашите атлетичари се проф. Божурка Ѓошевска и проф. Кристијан Кајчевски.

Додека на национално ниво ќе се организира Национално Зимско првенство на Македонија во фрлачки дисциплини – 2017.

Атлетската федерација на Македонија и АК Куманово ќе го организираат Државното зимско првенство на Македонија во фрлачки дисциплини,како еднодневен натпревар на отворено на 26-ти февруари, недела, со почеток: во 12.00 часот. Првенството ќе биде на Атлетскиот стадион „Соколана“.

Натпреварот ќе се одржи во следниве дисциплини по категории:

мажи

Пионери- ѓуле (4кг), диск (1 кг), копје (600гр), кладиво (4кг)
Млади Младинци- ѓуле (5кг), диск (1.5 кг), копје (700гр), кладиво (5кг)

Младинци- ѓуле (6кг), диск (1.75 кг), копје (800гр), кладиво (6 кг)
Сениори- ѓуле (7.26 кг), диск ( 2 кг), копје (800гр), кладиво (7.26 кг)

жени

Пионерки- ѓуле (3кг), диск ( 800гр ), копје (400гр), кладиво (3кг)
Млади Младинки- ѓуле (3кг), диск (1 кг), копје (500гр), кладиво (3кг)
Младинки- (4кг), диск (1 кг), копје (600гр), кладиво (4кг)
Сениорки- (4кг), диск (1 кг), копје (600гр), кладиво (4 кг) (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest