bugarijaeu

Бугарија досега исполнила два отсто од мигрантските квоти на ЕУ

Софија, 2. март 2017 (ИНПРЕС) – Бугарија има исполнето 2 отсто од квотите на ЕУ за прифаќање на кандидати за азил. Ова се најновите податоци на Европската комисија, јавува БТА.

Досега земјата примила 29 мигранти, кои пристигнале од Грција, иако биле поднесени 310 молби за азил, а имало ветување дека до крајот на годината од оваа земја ќе бидат прифатени 831 лице. Од Италија досега не се примени мигранти, а имало поднесено 140 молби за азил. Од Турција биле поднесени 50 молби за азил, но досега нема пристигнати во Бугарија. ЕК денеска повика на обновување на напорите за реализирање на квотите.

Комисијата посочи дека малку од државите во ЕУ во целост ги исполниле своите ветувања и повика до крајот на овој месец државите од ЕУ да го пополнат недостигот од персонал и опрема во европската погранична служба. Досега само Малта и Финска се на пат да ги исполнат своите ветувања за Италија и Грција, додека Унгарија, Австрија и Полска се уште одбиваат да учествуваат во квотите. Доколку државите од ЕУ наскоро не го зголемат броот на реализирани раселувања, ЕК нема да се поколеба да ги употреби своите овластувања кон оние кои не ги испочитувале своите обврски, предупредува комисијата, која може да преземе казнени процедури. (Крај)

извор: А1 он фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest