enhalonturnir

Во Вевчани ќе се одржи Ракометен турнир „Енхалон“

Струга, 3. март 2017 (ИНПРЕС) – Викендов во Спортската сала „Владо Попески“ во Вевчани, Ракометниот клуб „Енхалон“ ќе организира ракометен турнир за млади категории „Енхалон Куп 2017“.

Натпреварите ќе се одиграат на 4-ти и 5-ти март.

Организаторите јавуваат дека за најмладите кои се генерација 2006 и помлади, ќе се одиграат натпревари во мини ракомет.

Повозрасни ќе играат на официјални димензии, родени 2002 година и помлади.

– Секој клуб може да формира по 3 екипи за мини ракомет и 3 екипи официјални ракометни димензии. Бројот на учесници е ограничен на 200. Како гости на турнирот ќе бидат спортисти од ракометна школа од Босна и Херцеговина. Ветуваме дружење, спорт, забава и се разбира многу, многу ракомет, најавуваат од клубот „Енхалон“.

Почетокот на турнирот е утре од 10 часот. (Крај)

извор: Инпрес фото: РК „Енхалон“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest