gripvakcina

Грипот стивна, на ред се настинките

Скопје, 4. март 2017 (ИНПРЕС) – Од институтот за јавно здравје велат дека има драстично намалување на бројот на лицата заболени од грип, но настинките и стомачните вируси почнаа да напаѓаат.

Во подрачјата на другите 16 Центри за јавно здравје во земјава има поединечни случаи, додека 12 Центри за јавно здравје не регистрирале ниту еден заболен од ова сезонско заболување.
За една недела, според новиот извештај на Институтот за јавно здравје, во цела земја од грип се разболеле 227 лица, што е речиси исто како и претходната недела кога биле регистрирани вкупно 220 новозаболени од грип.

На удар на стомачните вируси најчесто се помалите деца, кои може да имаат и покачена телесна температура, која за ден-два дена се смирува.

Како превенција од настинките, лекарите советуваат соодветно и слоевито облекување, внесување на повеќе свежо овошје и зеленчук, а оние кои постат да внесуваат повеќе витамини. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest