afrojackohrid

Dj Afrojack на 1 август во Охрид во рамките на Ohrid Calling

Охрид, 7. март 2017 (ИНПРЕС) – Суперстар Dj-от Afrojack ќе настапи премиерно во Република Македонија ноќта спроти празникот Илинден, на 1. март на стадионот „Билјанини извори“, со што Ohrid Calling прераснува во дводневен спектакуларен фестивал, информираат од Авалон продукција.

– Поради фактот што Afrojack е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи, информираат од „Авалон“ продукција.

Nick van de Wall, во јавноста познат како Afrojack е познат и pо соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex, коишто се само дел од светски познатите музичари со кои тој претходно соработувал. Светската популарност ја стекнува со првиот албум, насловен „Forget the World“ кој го лансираше во ѕвездите и му го осигура местото на сите големи светски и европски фестивали, како: Ultra Music Festivals, Tomorrowland, а тука се и редовните resident свирки во клубовите низ Ibiza.

– Од оваа година, фестивалот Ohrid Calling ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, на први и втори август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа, додаваат од „Авалон“ продукција. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest