zenskatrka

Пријавени над 800 учеснички на Виз Ер Скопски Маратон

Скопје, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално пред почетокот на Виз Ер Скопски Маратон сезоната на здрави навики започнува со Авицена Женска трка која оваа година ќе се одржи на 9-ти април во Градскиот Парк.

Трката која е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и е под покровителство на Град Скопје, оваа година добива нов генерален партнер во Авицена Лабораторија.

За сите заинтересирани оваа трка е дополнително охрабрување за започнување со тренирање, вежбање и зацврстување на здравите навики. По пријавувањето кое започна на 16-ти февруари веќе се пријавени над 800 учеснички со што полека се надминува рекордниот број на натпреварувачки од минатата година. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време и трите најдобро пласираните во генерален пласман ќе добијат награди како и најдобрите три по возрасни категории. По прогласувањето на најдобрите ќе следува лотарија со извлекување на стартни броеви од кои најсреќните ќе добијат вредни подароци од партнерите на Авицена Женска Трка 2017.

Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest